Во Холандија се грижат и за сиромашните

Ашковски и соиграчите мислат на врвот и на заедницата

Фортуна Ситард вечерва бие битка за враќање на врвот на табелата во Втората холандска лига, а клубот за кој игра нашиот фудбалер Стефан Ашковски е и во една поинаква мисија

објавено: 23 декември 2017 - 18:45

Фортуна Ситард вечерва бие битка за враќање на врвот на табелата во Втората холандска лига, а клубот за кој игра нашиот фудбалер Стефан Ашковски е и во една поинаква мисија.

Пред дуелот со младинците на Утрехт, вечерва од 19,30 часот во Ситард се организира хуманитарна акција за социјално загрозените жители на градот. Раководството на клубот и играчите на Фортуна ги повикаа навивачите пред портите на стадионот да донесат храна за своите сограѓани.

Акцијата ќе биде уште поуспешна, ако Фортуна го победи ривалот, вечерва од 19,30 часот и повторно се врати на врвот на табелата.

Најново во Фудбал