РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ СЕ СЕЛИ ВО ТУРЦИЈА

Ашковски во второлигашот Кајзери Ерчиспор

Младиот македонски репрезентативец Стефан Ашковски ќе игра во турската втора лига, во екипата на Кајзери Ерчиспор, по раскинот на договорот со белградски Партизан неодамна, клуб во кој не доби вистинска шанса.

објавено: 29 јануари 2016 - 16:34

Ашковски од 2010 година беше дел од Телеоптик, филјалата на српскиот шампион, но за црно-белите одигра само еден куп меч и постојано беше испраќан на позајмици. Играше во Доњи Срем, Напредак, Стромгосет, Шкедија, а есеноска и во Нови Пазар, каде блесна со неколку погодоци и доби повик од поранешниот селектор Љубинко Друловиќ за А-тимот.

Ашковски зимава се врати во Партизан на собирот и воведните тренинзи, но потоа ја прекина соработката, па ја избра Турција за да ја продолжи кариерата. Кајзери, како што објавуваат турските медиуми, имал трансфер забрана, па денеска дури шестмина нови играчи биле на лекарски прегледи, меѓу нив и Ашковски.

За младиот фудбалер заинтересиран бил и Борац Бања Лука, во чии редови од вчера е младинскиот репрезентативец Филип Ристовски од Металург.

 

Најново во Фудбал