Не е лесна задачата за нашиот репрезентативец

Астана е предизвик за Ристовски и Спортинг Лисабон

Првакот на Казахстан, Астана е следниот предизвик за Стефан Ристовски и неговите соиграчи од Спортинг Лисабон во Европа Лигата, а влогот е пласман во осминафиналето 

објавено: 11 декември 2017 - 13:37

Првакот на Казахстан, Астана е следниот предизвик за Стефан Ристовски и неговите соиграчи од Спортинг Лисабон во Европа Лигата, а влогот е пласман во осминафиналето.

Првиот меч ќе се игра на 15 февруари во Казахстан, а реваншот е 7 дена подоцна во Лисабон.

Дерби дуели се двата во Дортмунд и во Бергамо меѓу Борусија и Аталанта, интересно ќе биде и во Глазгов и Санкт Петербург, на двомечот Селтик - Зенит и на дуелите меѓу Лион и Вилјареал.

Двојки, 16-финале: Борусија Дортмунд - Аталанта, Ница - Локомотив Москва, ФК Копенхаген - Атлетико Мадрид, Спартак Москва - Атлетик Билбао, АЕК - Динамо Киев, Селтик - Зенит, Наполи - Лајпциг, Црвена Звезда - ЦСКА Москва, Лион - Вилјареал, Реал Сосиедад - Салцбург, Партизан - Плзен, Стеауа - Лацио, Лудогорец - Милан, Астана - Спортинг Лисабон, Остерсундс - Арсенал, Марсеј - Брага.

Најново во Фудбал