Младинскиот репрезентативец се надева на повеќе среќа

Аврамовски: Во Црвена Звезда не добив шанса да покажам колку вредам

Младинскиот репрезентативец даниел Аврамовски отвори ново поглавје во кариерата и во следните три години ќе биоде член на Олимпија. Црвена Звезда е минато за него, а вели дека пробпемите со повредите, но и тоа што не добил шанса да игра биле причините за заминувањето од Белград

објавено: 20 декември 2016 - 20:49

Младинскиот репрезентативец даниел Аврамовски отвори ново поглавје во кариерата и во следните три години ќе биоде член на Олимпија. Црвена Звезда е минато за него, а вели дека пробпемите со повредите, но и тоа што не добил шанса да игра биле причините за заминувањето од Белград.

„Секој фудбалер сака да игра. Јас не добивав шанса да настапувам по повредите и морав да ја сменам средината. Тоа е главната причина што ја напуштив Црвена Звезда. Воопшто не жалам што бев член на црвено-белите. Добро почнав, навивачите и соиграчите ме примија одлично, но потоа следеа повреди и мала минутажа. И посакувам на Црвена Звезда да ја одбрани титулата, а јас ќе дадам се од себе да и помогнам на Олимпија да ја оствари целта“, вели Аврамовски.

Тој потпиша тригодишен договор со популарните „Змајчеки“ и тоа во вистински момент, бидејќи во јуни следната година го очекува настап на ЕП во Полска со младата македонска репрезентација за играчи до 21 година.

Најново во Фудбал