Добро е што се врати

Бабунски фати ритам, Јокохама загуби

Давид Бабунски фати ритам и трет меч по ред беше стартер за Јокохама, а денеска во меч од јапонското првенство Ивата беше подобра и славеше со 2:1 против популарните Маринос 

објавено: 29 октомври 2017 - 11:10

Давид Бабунски фати ритам и трет меч по ред беше стартер за Јокохама, а денеска во меч од јапонското првенство Ивата беше подобра и славеше со 2:1 против популарните Маринос.

Бабунски го одигра целиот меч, а гостите дури и водеа со голот на Ито, но Ивата направи пресврт и победи со 2:1, со што се реваншираше за елиминацијата од царскиот куп на Јапонија. Пред 4 дена Бабунски и соиграчите беа поуспешни и со триумф од 1:0 се пласираа во полуфиналето на јапонскиот куп.

 

Најново во Фудбал