КРАЈ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВЕНСТВОТО ОД ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК

Бабунски на крајот заврши со 5-ка во Јапонија

Давид одигра 77 минути во последното коло на гости против Урава

објавено: 2 декември 2017 - 11:00

Давид Бабунски ја одработи сезоната во јапонското првенство. Македонскиот репрезентативец утрово беше стартер во тимот на Јокохама и одигра 77 минути, во победата на гости против Урава. Бабунски беше повлечен од игра при водство на неговиот тим. До крајот на средбата немаше промени на резултатот и трите бода заминаа за гостите. 

Ова беше последно коло во Јапонија, а Јокохама заврши на петото место на табелата. Во неверојатна завршница, шампион е тимот на Кавасаки. Во последното коло, Кавасаки со 5:0 победи на свој терен против Омија, а Кашима која беше лидер до пред ова коло, одигра без голови 0:0 на гости кај Ивата. На крајот двата тима имаат по 72 бода, но Кавасаки е новиот шампион во Џеј лигата. 

Најново во Фудбал