НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ОТКРИВА ЗОШТО СИ ЗАМИНА ОД Ц. ЗВЕЗДА

Бабунски ја „отвори душата“: За сите звездаши

Недобивањето на шанса да го докаже својот квалитет и стопирањето во напредокот во кариерата е главна причина за заминувањето на играчот за врска од таборот на „црвено-белите“

објавено: 11 јануари 2017 - 20:16

Давид Бабунски уште пред неколку дена реши да стави крај на „епизодата“ наречена Црвена Звезда. Нашиот репрезентативец побара, и доби раскин на договорот. Играчот кој помина неколку години во школата на Барселона, сега е слободен играч, во потрага по нов клуб. 

Бабунски реши да си ја „отвори душата“ и да ги каже причините зошто си заминува редовите на некогашниот европски првак, Звезда. На социјалната мрежа „Фејсбук“ даде пошироко објаснување за целата ситуација. 

„Иако многу луѓе сметаа дека по завршување на етапата во Барселона, воопшто не треба да помислувам да доаѓам да играм на овие простори, решив да потпишам за Црвена Звезда. Одлука за која во ниту еден момент не зажалив и никогаш нема да жалам. Звезда беше идеално место, во кое сакав да се развивам како играч, да го развијам мојот фудбалски потенцијал и да дадам важен скок во мојата кариера. Ми рекоа дека бидам замена за Грујиќ и дека ќе бидам важен играч за иднината на клубот. Како што се гледа, не го одржаа зборот“, вели во воведниот дел Бабунски. 

Играчот за врска  разочаран бидејќи не добил доволно шанса да го докаже својот потенцијал на теренот. 

„Трпеливо чекав 10 месеци. Не играв, не добивав плата, а немав направено ниедна недисциплина. Професионално работев. Сепак дојде денот кога требаше да реагирам. Имав состанок со челниците на клубот, за да можам отворено да им ја објаснам мојата ситуација. Искрено им кажав дека сум среќен што сум дел од клубот, но дека гледам дека не напредувам на фудбалски план, дека губам чекајќи шанса, додека другите добиваа можност да играат. Од сите играчи кои дојдоа во јаунуари и јуни 2016 година, мислам дека јас сум единствениот кој не добив вистинска шанса да заиграм“, објаснува Давид.

И покрај тоа што не добил вистинска шанса да заигра, тој е благодарен на челниците во Звезда. Од првите луѓе на клубот добил одговор дека за тоа кој ќе игра зависи од тренерот и дека тој е главен. Бабунски нема лош збор ниту за тренерот Гроф, кој не му ја даде потребната шанса.

„Со тренерот немав апсолутно никаков проблем. Кога ќе го прашав, што е причината за мојата слаба минутажа, добивав одговор: „Нема никаков проблем, само продолжи така. задоволен сум од твојата работа и ќе ти дадам шанса“. Прашав дали тоа ќе биде шанса да играм неколку меча во континуитет или само последните 15 минути. Ми рече дека ќе ми даде 2-3 меча во континуитет. Тие 2-3 меча останаа мојот максимум во Звезда. Ако на тие мечеви и плус ситно некоја минута од неколку меча јас требаше да направам нешто екста, како на пример да поминам 3-4 противнички играчи и да дадам гол или да асистирам за толку кратко време, тогаш немам што да кажам. Тогаш, се што направив за Звезда е целосно фијаско. Другите играчи кои с епокажаа како мене или и послабо, добија континуитет од 10-15 средби.“, рече Бабунски, кој имаше само пофални зборови за навивачите на Црвена Звезда.  

Најново во Фудбал