ПОВТОРНО МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ 11 ВО ЈАПОНСКИОТ ТИМ

Бабунски стартер по три месеци пауза, Јокохама победи

Давид одигра до 65 минута, а само што беше заменет, неговиот тим прими гол

објавено: 21 октомври 2017 - 14:01

Давид Бабунски повторно се најде во стартниот тим на Јокохама. Македонскиот рпрезентативец по пауза од три месеци беше на теренот уште од првата минута. На мечот против Кашима играше до 65 минута, кога беше заменет. 

Додека нашиот интернационалец беше на теренот, Јокохама имаше предност од 2:1, а интересно е дека само што излезе Бабунски, Јокохама прими гол за 2:2. За среќа на домаќините, само неколку минути подоцна Кашима си постигна автогол и Јокохама на крајот стигна до триумф од 3:2. 

Со оваа победа, Јокохама се искачи на третото место на табелата со 55 бода и сега е на позиција која носи излез во азиската Лига на шампиони. По 30 одиграни средби, Јокохама има 18 победи, 7 нерешени и исто толку порази. 

Најново во Фудбал