Ќе игра во завршницата

Бабунски тргна по царскиот куп во Јапонија, полуфинале за Јокохама

Давид Бабунски и соиграчите од Јокохама Маринос по тешка битка и со погодок во 81. минута славеа значајна победа против Јубило Ивата во четвртфиналето на царскиот куп во Јапонија

објавено: 25 октомври 2017 - 14:02

Давид Бабунски и соиграчите од Јокохама Маринос по тешка битка и со погодок во 81. минута славеа значајна победа против Јубило Ивата во четвртфиналето на царскиот куп во Јапонија.

Клучен беше автоголот на гостите во финишот за место во квартетот најдобри во националниот куп на Јапонија.

Бабунски го одигра целиот меч, а за него ова е вторпат по ред да биде стартер кај Јокохама, откако подолг период беше резерва.

Претходно, Давид му помогна на својот состав да се потсопре Кашима во походот кон титулата во јапонскиот шампионат со победа од 3:2, по што Јокохама остана на третото место. И сега ќе игра во полуфиналето на купот, што е голем успех за екипата од која не очекуваа вакви успеси.

Најново во Фудбал