Клубот од Сицилија ќе имаше страшно напаѓачко дуо

Балардини имал добар план: Несторовски и Балотели како тандем во нападот на Палермо

Поранешниот тренер на Палермо, Давиде Балардини имал добар план, да ги спои во нападот Илија Несторовски и Марио Балотели, но раководството на клубот одлучило да не се анагажира популарниот Супер Марио

објавено: 18 ноември 2016 - 09:15

Поранешниот тренер на Палермо, Давиде Балардини имал добар план, да ги спои во нападот Илија Несторовски и Марио Балотели, но раководството на клубот одлучило да не се анагажира популарниот Супер Марио. 

Балардини сакал во летниот преоден рок да се ангажира Балотели, кој потоа замина во Ница и повторно игра одлично и дава голови.

„Се обидов, но не успеав. Ќе беше добро според мене да го анагажиравме Балотели, кој летово беше слободен играч. Ќе привлечеше публика и доста публицитет. Мислеа дека со ангажманот на Марио, Несторовски нема да добие доволно простор за игра. Се сомневаа дека не му давам шанса да игра, но јас го ценам Илија. Тој е одличен напаѓач со истенчено чувство за гол и знае да се најде во шанса за погодок. За мене неговите добри настапи сезонава во Палермо не се изненадување“, вели Балардини.

Тој во септември годинава беше сменет од кормилото на Палермо, а место него на клупата на клубот од Сицилија дојде Роберто Зерби. Под негова команда, Несторовски буквално експлодира и со 6 гола е во горниот дел од листата со најдобри стрелци во Серија А.

Најново во Фудбал