СТАРТ ОД СОНИШТАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Барди блесна на дебито: Даде гол во првиот меч за Леванте

Пред само три дена потпиша за шпанскиот тим, а сега на пријателскиот дуел против нисколигашот Ла Нурсија влезе како резерва и веднаш даде гол

објавено: 21 јули 2017 - 08:00

По потпишувањето за тимот на Леванте, енис Барди изјави дека со тоа му се остварил сонот. Сега тој сон станува уште поубав. Во дебитантскиот настап за Леванте, Барди даде гол. 

Леванте играше пријателски натпревар против нисколигашот Ла Нурсија, а Барди започна од клупата за резерви. Нашиот репрезентативец во второто полувреме доби шанса да дебитира за шпанскиот прволигаш и веднаш блесна. 

Барди даде гол во дебито за тимот кој игра во Примера и покажа дека ќе биде вистинско засилување. 

Најново во Фудбал