Со голови се врати во ритам по повредата

Барди е и добар пеналџија, гол број 11 за младинскиот репрезентативец

Енис Барди го постигна и единаесеттиот гол за Ујпешт сезонава, а денеска против МТК сепак не успеа да го спаси својот тим од пораз

објавено: 29 април 2017 - 19:55

Енис Барди го постигна и единаесеттиот гол за Ујпешт сезонава, а денеска против МТК сепак не успеа да го спаси својот тим од пораз. Ујпешт прими гол во судиското продолжение и загуби со 1:2 на домашен терен, иако нашиот младински репрезентативец успеа да израмни во 83.минута со прецизен удар од белата точка. За него ова е единаесетти погодок во унгарското првенство, со што сега е на делба на втората позиција, заедно со Боде и со Шчеповиќ. Пред нив е само Епел од Хонвед со 12 голови.

Ујпешт со 39 б одови е на шестата позиција. Денеска идентичен пораз од 1:2 забележа и Вашаш од ДВТК, а цел меч одигра македонскиот репрезентативец Кире Ристевски. Вашаш остана на третата позиција со 47 бодови.

Најново во Фудбал