ПО ВЧЕРАШНАТА „БОМБА“, ТРЕНЕРОТ НА ЛЕВАНТЕ ИЗЈАВИ

„Барди е меѓу најдобрите, противниците нека се плашат од него“

Нашиот репрезентативец, Енис Барди со своите ремек-дела од слободни удари ја освојува Шпанија. Фудбалерот на Леванте вчера ласнираше вистински проектил од 20 метри против Депортиво ла Коруња, голманот на гостите Рубен беше немоќен.

објавено: 27 август 2017 - 12:18

Нашиот репрезентативец, Енис Барди со своите ремек-дела од слободни удари ја освојува Шпанија. Фудбалерот на Леванте вчера ласнираше вистински проектил од 20 метри против Депортиво ла Коруња, голманот на гостите Рубен беше немоќен.

Барди до сега изведе три слободни удари летово и сите ги преточи во сензационални голови. По новиот евро-гол, тренерот на Леванте, Хуан Муњиз, изјави дека нашиот фудбалер е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари и дека по овој дуел противниците ќе се плашат од него.

„Барди е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари. По средбата со Депортиво сигурен сум дека противниците ќе се плашат од него“, рече Хуан Муњиз.

Барди го засени јубилејот на Лео Меси и неговиот 350. гол во Ла Лига во Шпанија и сигурно ќе конкурира за гол на викендот.

Најново во Фудбал