ТОА Е ВИСТИНСКО ЗАСИЛУВАЊЕ НА КОЕ МУ ВЕРУВААТ

Барди единствен странец во стартниот тим на Леванте

Македонскиот репрезентативец со два гола во трите средби кои ги одигра, ја доби целосната доверба на тренерот на шпанскиот тим

објавено: 21 септември 2017 - 22:48

Енис Барди доби жолт картон, по првото полувреме на дуелот против Реал Сосиедад, во петото коло од шпанската Примера дивисион.

Македонскиот интернационалец има целосна доверба кај тренерот на тимот од Валенсија, а тоа го покажува и фактот што вечерва е единствениот странец во стартниот состав на Леванте. 

По првите 45 минути резултатот е 1:0 за Леванте.

 

Најново во Фудбал