Сигнал дека ќе си оди од сегашниот клуб

Барди не игра за Ујпешт на премиерата од унгарското првенство, трансферот е сигурен

Енис Барди не игра за Ујпешт на премиерниот меч за клубот во новото првенство во Унгарија, а според тамошните медиуми, нашиот репрезентативец добил зелено светло да не биде во тимот од тренерот Небојша Вигњевиќ. Причината е јасна и Барди ќе има нов клуб летово

објавено: 15 јули 2017 - 18:38

Енис Барди не игра за Ујпешт на премиерниот меч за клубот во новото првенство во Унгарија, а според тамошните медиуми, нашиот репрезентативец добил зелено светло да не биде во тимот од тренерот Небојша Вигњевиќ. Причината е јасна и Барди ќе има нов клуб летово.

За него се заинтересирани Динамо Загреб, Леванте, Штутгарт, а се шпекулираше и за Борусија Дортмунд. Како и да е денешното отсуство на Барди од сосотавот на Ујпешт против Пакс е јасен знак за заминување. На клупата за резерви на еден од најпознатите унгарски клубови е вториот наш младински репрезентативец Виктор Ангелов.

Најново во Фудбал