НОВ ГОЛ НА „БАРДИ-МИНАТОРОТ“

Барди не промашува од слободен удар (Видео)

Нова жртва на македонскиот репрезентативец е Леганес

објавено: 7 мај 2018 - 22:34

Македонскиот интернационалец Енис Барди, повторно ја затресе противничката мрежа со гол од слободен удар. Вечерва тоа му успеа во 59 минута од гостувањето во Мадрид кај Леганес за водство на Леванте од 2-0, откако четири минути порано, Моралес погоди за 1-0. Барди во повеќе наврати сезонава покажа дека е мајстор за изведување на слободни удари, а и против Леганес го потврди тоа откако со удар по земја го измами голманот на влажниот терен и дождливото време.

Најново во Фудбал