Мора малку да здивне

Барди од трибини ќе го поздрави кам-бекот на Берицо

Енис Барди вечерва нема да игра против Севилја, а нашиот репрезентативец не е ниту на клупата за резерви, па од трибините ќе го поздрави враќањето на Едуардо Берицо, тренерот на домаќините

објавено: 15 декември 2017 - 20:40

Енис Барди вечерва нема да игра против Севилја, а нашиот репрезентативец не е ниту на клупата за резерви, па од трибините ќе го поздрави враќањето на Едуардо Берицо, тренерот на домаќините.

Берицо е еден од фудбалските ликови што го одбележа последниот период, откако јуначки се бори со рак на простата. За вечерва од 21 часот најавен е негов кам-бек на клупата на Севилја, токму против тимот чиј член е нашиот Енис Барди.

Барди доби одмор од кормиларот на Леванте, Муњиз, по напорната година за него. Младиот играч за врска, настапи летово на младинското ЕП во Полска, стана и стандарден член на нашата А селекција, а игра нон-стоп за Леванте, што е пеколен ритам. Денеска ќе одмори, како што и најави Муњиз.

Најново во Фудбал