МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ОДБИЛ ДВОЈНО ПОВИСОКА ПОНУДА

Барди одбил три милиони евра од Германија, само за да игра во Шпанија

Од анонимус, за само една недела стана главна ѕвезда во тимот на Леванте

објавено: 28 јули 2017 - 21:01

Енис Барди уште кога потпиша за тимот на Леванте, ни изјави дека животна желба му било да заигра во шпанската Примера. По првите 10-тина дена во новиот клуб, по се изгледа дека Барди го направил вистинскиот избор. 

Во дебито за новиот клуб, македонскиот репрезентативец даде гол, а потоа погоди и во третата средба одиграна во дресот на примералигашот. Барди веднаш покажа дека е вистинско засилување, а од анонимус, во Леванте веднаш стана голема ѕвезда. 

Интересно е тоа што Леванте за трансферот на Барди плати 1,5 милиони евра, што е двојно помалку од тоа што нудел германски тим. Според пишувањата, бундеслигашка екипа била подготвена да плати три милиони евра за трансфер на Барди, но играчот одбил да замине во Германија, бидејќи негова желба била шпанското првенство. 

Најново во Фудбал