НАШИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ИМАА УСПЕШЕН НАСТАП НА КЛУПСКИ ПЛАН

Барди погоди за Ујпешт, Ристовски и Жута освоија бод на „Максимир“

Риека ја задржа предноста од шест бода пред Динамо на врвот на табелата и останува единствен тим без пораз по 18 одиграни меча во првенството

објавено: 3 декември 2016 - 17:07

Стефан Ристовски и Леонард Жута го одиграа целиот меч за Риека, во дербито против Динамо на гости во Загреб. Риека водеше со 1:0, но на крајот мораше да се задоволи со само еден освоен бод, откако „модрите“ израмнија и се спасија од пораз. 

Риека и по овој меч продолжува да биде единствениот тим без пораз во шампионатот. По 18 средби, нивниот биланс е 14 победи и само четири нерешени средби. Тоа е доволно да бидат лидери на табелата со 46 бодови, додека Динамо остана на шест бода заостанување, односно 40 бодови. 

Енис Барди го постигна и петиот погодок сезонава за Ујпешт и тоа на гости кај МТК во Будимпешта. Барди погоди за водство на гостите во 16 минута, а домаќините израмнија во 48 минута.

Македонскиот репрезентативец во игра остана до 61 минута, кога беше заменет. Вториот Македонец во дресот на Ујпешт, Виктор Ангелов остана на клупата за резерви на овој меч. 

Најново во Фудбал