БЛЕСКА МАКЕДОНЕЦОТ ВО ШПАНСКИОТ ТИМ

Барди „решета“: Трет меч, втор гол во дресот на Леванте

Офанзивниот играч покажува дека ќе биде големо засилување за шпанскиот примералигаш 

објавено: 24 јули 2017 - 20:32

Енис Барди покажува дека ќе биде одлично засилување на тимот на Леванте. Македонскиот репрезентативец погоди во пријателскиот меч против Кадиз. Барди како стартер беше прецизен во 55 минута за водство од 2:0.

Ова е втор погодок на Барди откако потпиша за Леванте. Тој погоди во дебитантскиот тим против Ла Нусија, кога Леванте победи со 6:0. 

Најново во Фудбал