РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ИСПИША ИСТОРИЈА

Барди скромен како и секогаш: Поддршката од соиграчите ми е најважна, само така можам да играм најдобро

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди испиша историја на „Сан Мамеш", постигна два гола од слободен удар во рок од три минути. 

објавено: 24 април 2018 - 08:57

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди испиша историја на „Сан Мамеш", постигна два гола од слободен удар во рок од три минути на дуелот против Билбо, на кој Леванте славеше со 3-1. Последен пат до едно вакво достигнување од слободен удар во Примера беше видено во мај 2012 година, креаторот е Бенат Ечеберија на дуелот со Севилја.

И покрај тоа што е во центарот на вниманието, Барди е скромен, двата гола ги препиша на својот тим.

„Без поддршката од моите соиграчи нема да можам да играм на високо ниво, нивната доверба ми значи многу. Леванте има доверба во мене и јас сè ќе направам да го дадам максимумот и да му помогнам на тимот. Среќен сум што помогнав. Одигравме одличен меч и најважно освоивме три важни бодови на гостински терен“, рече Барди по мечот.

 

 

Најново во Фудбал