ПОЧНАА И ИЗЈАВИТЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ МЕДИУМИ

Барди: Во Леванте сите се како едно семејство

Репрезентативецот е задоволен од приемот во новиот тим

објавено: 18 јули 2017 - 18:12

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е задоволен од приемот во екипата на Леванте. Барди потпиша договор до 2021 година и ќе биде дел од најсилното првенство во светот, шпанската Примера дивисион. 

„Му благодарам на Леванте што ми даде шанса да играм во Ла Лига. Тоа беше мојот сон. Сите членови на клубот добро ме примија. Ова е како една голема фамилија. Среќен сум што сум тука. Мојата цел е секој ден да се развивам се повеќе и повеќе и да го дадам најдоброто од себе“, рече Барди за Радио Леванте. 

 

Најново во Фудбал