Португалците сакаат да го вклучат во својот подмладок

Бенфика има убав план, да ги купи Елмас и Јанкто, конкуренцијата е голема

Бенфика има одличен план, да ги купи фудбалските бисери од Македонија и Чешка, Елиф Елмас и Јакуб Јанкто, но како што објави „О` Жого“ конкуренцијата е голема и за Елмас и за Јанкто

објавено: 7 јули 2017 - 14:05

Бенфика има одличен план, да ги купи фудбалските бисери од Македонија и Чешка, Елиф Елмас и Јакуб Јанкто, но како што објави „О' Жого" конкуренцијата е голема и за Елмас и за Јанкто.

Елмас играше за Македонија на младинското Европско првенство, а особено добар впечаток остави против Португалија, во Гдиња, па логично е „орлите“ од Лисабон да го сакаат во своите редови. Но, како што пишува „О`Жого“ опасна е и конкуренцијата и ги наведува Манчестер сити, Бриж и Галатасарај како ривали во трката за најмладиот фудбалер кој настапи на младинското ЕП во Полска.

И Јанкто остави одличен впечаток, тој дури има и играно во Италија за Удинезе во Серија А, па Бенфика за неговиот ангажман е во трка со Јувентус и Рома. Како и да е планот на Бенфика е одличен, а популарните „орли“ досега постојано потврдуваат дека имаат одлична скаутинг служба со ангажман на добри млади играчи, кои потоа ги продаваат многу поскапо.

Најново во Фудбал