Македонскиот репрезентативец пак е стрелец за Гезтепе

Без Адис навистина нема забава, нов гол за Јаховиќ во дресот на Гезтепе

Адис Јаховиќ го постигна шестиот погодок за второлигашот Гезтепе, денеска доволен само за еден бод во ремито, 1:1 против Ѓиресунспор

објавено: 31 октомври 2016 - 19:41

Адис Јаховиќ го постигна шестиот погодок за второлигашот Гезтепе, денеска доволен само за еден бод во ремито, 1:1 против Ѓиресунспор.

Јаховиќ погоди во 19. минута и израмни на 1:1, откако домаќините поведоа рано, веќе во втората минута. Гезтепе е на третата позиција со 18 бода, 4 бода зад лидерот во втората турска лига, Јени Малатија.

Македонскиот репрезентативец со 6 погодоци е на делба на петтата позиција на листата со најдобри стрелци во Лигата.

Најново во Фудбал