Македонскиот репрезентативец доминира во ХНЛ

Без Стефан Ристовски не бидува тим на колото во Хрватска

Десниот бек на Риека, Стефан Ристовски е еден од најдобрите играчи во хрватското првенство и речиси во половина од досегашните 12 кола во ХНЛ беше во тимот на колото

објавено: 21 октомври 2016 - 12:26

Десниот бек на Риека, Стефан Ристовски е еден од најдобрите играчи во хрватското првенство и речиси во половина од досегашните 12 кола во ХНЛ беше во тимот на колото. 

По двете асистенции во победата над Осиек, Ристовски е прогласен за најдобар фудбалер на 12. коло. Патем, очекувано е и дел од идеалниот тим на колото во хрватското првенство, што му е петти пат сезонава во 12 рунди.

Македонскиот репрезентативец има прекрасен старт на сезоната, а Риека е лидер и главен кандидат за титулата во Хрватска, во обидот да се урне доминацијата на Динамо Загреб. Популарните „модри“ се шампиони во серија од 2006 година, па Ристовски и Жута, кој исто така е стандарден во Риека имаат шанса да се закитат со титулата и да ја прекинат доминацијата на загрепчани.

Најново во Фудбал