ГОЛОВИ НА НАШИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ ВО АЛБАНИЈА И КОСОВО

Блажевски блесна со Тирана, македонско трио за прва победа на Трепча! (ВИДЕО)

Во првиот натпревар од 1/16 финалето во Купот на Албанија, тимот на Тирана со 1:4 триумфираше против Илирија Круја.

објавено: 13 септември 2018 - 17:30

Свој придонес во победата имаше летното засилување, македонскиот фудбалер Дејан Блажевски.
На тој начин Тирана е многу блиску до пласман во следната фаза, реваншот ќе се одигра на 26. септември 2018 год.

Во четвртото коло од косовоската Суперлига, Трепча 89 убедливо со 1:5 триумфираше на гостувањето кај Кек-У.

Ова беше прва победа за тимот по стартните три кола сезонава, а најзаслужни за тоа беа тројца наши интернационалци.

По еднаш во листата на стрелците се запишаа Мартин Мирчевски во 17-та, па Антонио Бујчевски во 24-та мин. за 2:0, а конечниот епилог на оваа средба го постави Стојанче Велинов во 89-та мин. Моментно Трепча е на седмата позиција со четири бодови на табелата.

Најново во Фудбал