МАКЕДОНЕЦОТ МУ ДАДЕ ГОЛ НА СЛАВЕН ГОЛМАН

Бобан Николов го совлада легендарниот Кираљи

Македонецот во 19 минута погоди за водство на Видеотон, во дуелот со екипата на чиј гол е 42-годишниот Кираљи

објавено: 12 мај 2018 - 18:10

Бобан Николов беше стрелец на водечкиот гол за Видеотон на дуелот со Халадас Сомбатељи во меч од унгарската лига. Нашиот играч за врска го совлада најпознатиот унгарски голман. На голот на гостите е вистинската легенда на унгарскиот фудбал Габор Кираљи, некогашен чувар на мрежата на Херта, Кристал Палас, Вест Хем, Астон Вила, Барнли, Баер Леверкузен, Фулам, а има и 108 настапи за унгарската репрезентација.

За Николов, ова е втор гол на 11-тиот настап во унгарскиот шампионат. 

Најново во Фудбал