ПОНУДИТЕ РАСТАТ ОД ДЕН ВО ДЕН

Болоња ги расипува плановите на Евертон, го сака Несторовски

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски е на мета на неколку клубови. Најновата информација од Италија вели дека Болоња го мерка фудбалерот на Палермо. 

објавено: 5 јули 2018 - 18:40

Илија Несторовски дефинитивно следната сезона нема да го гледаме во дресот на Палермо, кој не успеа да се врати во Серија А. До македонскиот репрезентативец постојано стигаат понуди, по онаа на Евертон, сега и Болоња застана во редот.

Како што пишуваат италијанските медиуми, по потврдата на првиот човек на сицилијанскиот тим, Маурицио Зампарини дека ќе го продава Несторовски, челниците на Болоња веднаш подготвиле понуда.

Пред неколку дена „Џирона ди Сицилија" откри дека Евертон ќе плати 15 милиони евра за трансферот на Несторовски, кој треба да биде „новиот Руни" во тимот од „Гудисон Парк".

Најново во Фудбал