Ќе им треба дополнителна помош во финишот на сезоната

Бошко Ѓуровски ја засили Црвена Звезда, сега играчите имаат психолошки третман

Бошко Ѓуровски одлучи во свој стил да направи шок-терапија во таборот на Црвена Звезда и ангажираше како што тој вели „Ментал-коуч“ за играчите на српскиот шампион

објавено: 12 мај 2017 - 15:40

Бошко Ѓуровски одлучи во свој стил да направи шок-терапија во таборот на Црвена Звезда и ангажираше како што тој вели „Ментал-коуч" за играчите на српскиот шампион.

До крајот на првенството има уште три кола, а „црвено-белите“ се во негатива од три бода во однос на лидерот и вечен ривал Партизан. Утре Црвена Звезда игра со Младост Лучани на домашен терен и мора да победи, ако сака да ја продолжи трката до крајот.

„Денеска донесовме `Ментал-коуч`, кој им оддржа предавање на играчите. Атмосферата малку се поправи, но се уште ситуацијата е напната, бидејќи е загубено првото место. Сега се обидуваме со сите сили да се вратиме во нормален колосек и да го покажеме вистинското лице“, изјави Ѓуровски.

Тој беше именуван како нов кормилар на актуелниот српски првак пред една седмица, на местото на Миодраг Божовиќ, а договорот е да ја води екипата до крајот на сезоната. Првиот меч со него на клупата Црвена Звезда го загуби со 1:2 од Чукарички, но поради победата на гости од 4:1 успеа да се пласира во финалето на српскиот куп. Ѓуровски е последниот тренер на Црвена Звезда што ја освоил двојната круна, а тоа го стори во 2007 година.

Најново во Фудбал