НЕКОГАШНИОТ МАКЕДОНСКИ СЕЛЕКТОР СЕ ВРАТИ КАЈ „ЦРВЕНО-БЕЛИТЕ“

Бошко тргна со пораз

Ѓуровски имаше неуспешен почеток по враќањето на клупата на Црвена Звезда. Го загуби реванш-дуелот од полуфиналето на Купот на Србија од Чукарички со (1:2), но ќе се бори за трофејот. 

објавено: 9 мај 2017 - 18:15

Бошко Ѓуровски е одново во „неговата“ Црвена Звезда. И тоа по втор пат како шеф на стручниот штаб на „црвено-белите“. А само 24 часа подоцна по промоцијата за нов шеф на струката кај српскиот гигант, тетовецот го имаше и првиот предизвик. 

Црвена Звезда го играше реванш-мечот од полуфиналето на Купот на Србија против локалниот ривал од Белград, Чукарички. И загуби пред своите гледачи со (1:2), Но со оглед на тоа дека дома донесоа плус од три гола (победа во првиот меч на гости од 4:1), со вкупни (5:3) се пласира во финалето на националниот Куп на Србија.

Кој ќе биде нивниот противник во битката за трофејот ќе стане јасно по одигрување на возвратниот дуел во второто полуфинале во кое се среќаваат Партизан и новосадска Војводина (првиот меч заврши 0:0).

Најново во Фудбал