Играат со Локомотива, мислат на Хајдук

Бродови ќе пловат од Риека кон Сплит, Ристовски и Жута ќе имаат поддршка од илјадници навивачи на Пољуд

Вистинска инвазија на Сплит најавуваат навивачите на Риека, за дерби мечот со Хајдук на Пољуд на 11. март. И за првпат припаедници на популарната „Армада“ ќе патуваат со бродови на далматинското дерби

објавено: 3 март 2017 - 13:00

Вистинска инвазија на Сплит најавуваат навивачите на Риека, за дерби мечот со Хајдук на Пољуд на 11. март. И за првпат припадници на популарната „Армада" ќе патуваат со изнајмени бродови на далматинското дерби.

Еден брод е веќе изнајмен, а интересно е што има специфично име „Задар“. Капацитетот му е околу илјада луѓе, а во Риека владее огромен интерес за гостувањето на Пољуд, па се очекува бројка од околу 10 илјади навивачи на лидерот во хрватското првенство. Се работи за еден од клучните мечеви за македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута и останатите нивни соиграчи од Риека, на патот кон титулата.

Моментно, Риека е лидер со 58 бодови, 6 повеќе од Динамо Загреб и 17 од Хајдук.  

Најново во Фудбал