Нашиот репрезентативец е бр. 1 во последната анализа

Бројките не лажат: Барди е „Крал на слободните удари“!

Процентуалната реализација на слободните удари на Барди во дресот на Леванте е 24% што го прави моментно најдобриот изведувач на слободни удари во Европа.

објавено: 9 ноември 2018 - 19:49

Има многу мајстори на фудбалската игра кои низ годините биле специјалисти за изведување слободни удари. Со текот на годините, Европа имаше неколку врвни специјалисти за слободни удари, почнувајќи од легендарниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам, преку Кристијано Роналдо, Жунињо и Роберто Карлос , па до оние кои денеска важат за скоро непогрешливи од оваа позиција.

Една од последните анализи на светскиот печат се обиде да ја анализира просечната успешност на денешните изведувачи на слободните удари според бројот на изведени слободни удари и бројот на постигнати голови. Листата има 10 имиња, а на врвот е македонската фудбалска ѕвезда во дресот на шпански Леванте, Енис Барди. Еве што велат бројките од 2015, па досега:

10. Симоне Верди (11%)
Клуб: Наполи
Слободни удари: 44, Голови: 5

9. Нејмар (11%)

Клуб: ПСЖ
Слободни удари: 44, Голови: 5

8. Федерико Вивиани (13%)

Клуб: СПАЛ
Слободни удари: 38, Голови: 5

7. Миралем Пјаниќ (14%)

Клуб: Јувентус
Слободни удари: 59, Голови: 8

6. Набил Фекир (14%)

Клуб: Лион
Слободни удари: 36, Голови: 5

5. Марвин Платенхарт (14%)

Клуб: Херта Берлин
Слободни удари: 35, Голови: 5

4. Кутињо (19%)

Клуб: Барселона
Слободни удари: 26, Голови: 5

3. Пауло Дибала (20%)

Клуб: Јувентус
Слободни удари: 40, Голови: 8

2. Антоан Гризман (22%)

Клуб: Атлетико Мадрид
Слободни удари: 23, Голови: 5

1. Енис Барди (24%)

Клуб: Леванте
Слободни удари: 25, Голови: 6

Најново во Фудбал