Тежок пораз на тимот од Јоркшир

Чекор назад за Алиоски и Лидс - Мидлсбро ги декласира со 3:0

Лидс направи голем чекор назад со тежок пораз од Мидлсбро, а клубот од Јоркшир немаше решение за расположениот стрелец Патрик Бамфорд

објавено: 2 март 2018 - 22:46

Лидс направи голем чекор назад со тежок пораз од Мидлсбро, а клубот од Јоркшир немаше решение за расположениот стрелец Патрик Бамфорд.

Со хет-трик 24-годишниот напаѓач на Мидлсбро ги декласира гостите, кои сега се на 11. место и далеку од зоната за бараж за Премиерлигата.

Езџан Алиоски играше само во првото полувреме и беше заменет во 46. минута со Форшо, но и тоа не им помогна на гостите да се спасат од пораз.

Најново во Фудбал