Во несекојдневна ситуација е прилепчанецот

Чудна ситуација за Седлоски - Со летонска Рига игра руска лига на Кипар

Гоце Седлоски е во несекојдневна ситуација и ја предводи летонска Рига во руската зимска лига, што се игра на Кипар

објавено: 19 февруари 2018 - 18:00

Гоце Седлоски е во несекојдневна ситуација и ја предводи летонска Рига во руската зимска лига, што се игра на Кипар.

Во Пафос на Кипар, Рига под команда на популарниот Седло во моментов игра против Луч Енергија, руски тим од втората лига во меч од осминафиналето на ФНЛ купот.

Турнирот се игра на Кипар, а го организираат Русите. Првично го играа само руски екипи, но дозволено е кога ќе откажат да бидат поканети и екипи надвор од Русија. Таков е случајот годинава со Рига, чиј тренер е Седлоски. Игра во зимската лига на Русија, потекнува од Летонија, а турнирот е на Кипар. Сигурно е дека ситуацијата е несекојдневна.

 

Најново во Фудбал