Најмладиот македонски репрезентативец лидер во својот тим

Чурлинов е број еден во јуниорскиот тим на Келн

Најмладиот фудбалски репрезентативец во историјата на Македонија, Дарко Чурлинов е играч број еден во јуниорскиот тим на Келн

објавено: 10 јануари 2018 - 10:20

Најмладиот фудбалски репрезентативец во историјата на Македонија, Дарко Чурлинов е играч број еден во јуниорскиот тим на Келн.

Нашиот фудбалски бисер има најмногу настапи во различни возрасни категории за својата земја од сите регистрирани играчи на тимот на Келн за играчи до 19 години.

Чурлинов собра вкупно 28 настапи за Македонија, во сите возрасни категории, вклучувајќи ја и А селекцијата на нашата земја. Со 16 години и 8 месеци талентираниот офанзивен играч на Келн дебитираше за сениорската селекција на Македонина, против Белорусија во март годинава и стана најмладиот наш репрезентативец во историјата.

Моментно, пред почетокот на пролетниот дел од првенството во Германија, секако како член на јуниорскиот состав, тој е лидер во својот тим со 28 настапи за националната селекција, пред голманот Јан Криштоф Бартелс, кој има играно на 22 меча за германските репрезентативни селекции.

Иако има само 17 години Чурлинов веќе има солидно искуство зад себе, а следниот чекор е деби за првиот тим на Келн.

 

Најново во Фудбал