Стасаа и проблемите

Црна шпанска серија за Леванте - Нов пораз за Барди и соиграчите

Леванте има сериозни проблеми во шпанското првенство, а по поразот од Жирона со 1:2 нанижаа дури 6 меча без триумф

објавено: 5 ноември 2017 - 13:52

Леванте има сериозни проблеми во шпанското првенство, а по поразот од Жирона со 1:2 нанижаа дури 6 меча без триумф.

Гостите од Каталонија денеска му се реваншираа на Леванте за поразот во шпанскиот куп со 0:2, па ги освоија бодовите на гостувањето во Валенсија.

Енис Барди играше до 66. минута и беше заменет со напаѓачот Боатенг, при резултат 0:1. Со прекрасен гол во 58. минута Гарсија и донесе предност на Жирона, а потоа и Стуани беше прецизен на десетина минути до крајот на мечот. Почесен гол за Леванте постигна новото засилување од Вилјареал, Унал во втората минута од судиското продолжение.

Двете екипи пак ќе играат меѓусебе во реваншот од кралскиот куп на 29 ноември.

 

Најново во Фудбал