ИНТЕРЕС ЗА МАКЕДОНСКИОТ ТРЕНЕР

НЕ Е САМО ЦСКА: Јаневски преговара и со грчки Аполон

Некогашниот селектор веќе ги кажал своите услови за да се врати во Грција, а ЦСКА Софија е сериозно заинтересирана за неговите услуги

објавено: 16 мај 2018 - 11:30

Утринава најавите од Бугарија кажуваа дека Чедомир Јаневски е многу блиску да го превземе кормилото на ЦСКА Софија. Меѓутоа овој тим нема да биде сам во трката за потписот на искусниот стручњак. Грчки Аполон се вклучи исто така во интересот за тренерот, а веќе имало преговори на двете страни. 

Јаневски веќе разговарал со челниците на овој тим, и побарал 150.000 евра годишна плата за да го превземе кормилото на Аполон Смирнис. Поранешниот селектор веќе работеше во Грција каде што беше помошник на Тронд Солиед во Олимпијакос. Добро го зборува грчкиот јазик, и тоа е доволен сигнал за интересот од оваа земја. 

Јаневски сезонава беше дел од Вардар со кој играше во групната фаза од Лигата на Европа, а во април месец беше сменет. 

Аполон во последните мигови обезбеди опстанок во грчката „елита“, и во следната година ќе игра во друштво со најдобрите клубови во Грција. 

 

Најново во Фудбал