Талентот потпиша тригодишен договор со турскиот клуб

Даци си замина од Вардар, следна дестинација е Коњаспор

Младиот фудбалер на Вардар, Ердон Даци се пресели во Турција, во редовите на прволигашот Коњаспор и потпиша тригодишен договор

објавено: 7 септември 2017 - 16:13

Младиот фудбалер на Вардар, Ердон Даци се пресели во Турција, во редовите на прволигашот Коњаспор и потпиша тригодишен договор.

Даци има само 19 години и ги мина сите возрасни категории во Вардар. Беше дел и од младинскиот тим, кој лани сефте играше во Лигата на шампионите и беше елиминиран од Салцбург, клуб кој потоа стана шампион.

„Презадоволен сум од условите што ми ги понудија во Коњаспор. Условите за работа се феноменални. Верувам дека ова ќе биде голем чекор напред во мојата кариера“, вели Даци во изјава за „Инфоспорт“.

 

Најново во Фудбал