Нашиот фудбалер си ги доби парите

Даниел Аврамовски ја симна суспензијата на Црвена Звезда

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија си ги доби парите од Црвена Звезда, а српскиот вицепрвак автоматски си ја симна суспензијата за регистрација на нови фудбалери

објавено: 29 декември 2017 - 18:51

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија си ги доби парите од Црвена Звезда, а српскиот вицепрвак автоматски си ја симна суспензијата за регистрација на нови фудбалери.

Аврамовски беше член на Црвена Звезда во периодот од 2014 до 2016 година, но си замина со побарување од неколку плати. Српскиот првак долго го игнорираше долгот кон Даниел, но мораше да попушти, бидејќи доби забрана да ангажира играчи во зимскиот преоден рок што следи.

Со Аврамовски пари доби и Стефан Илиќ, по што се крена рампата за ангажман на засилувања за поранешниот европски првак.

Најново во Фудбал