МАКЕДОНЕЦОТ КОНЕЧНО ЗАИГРА ЗА ХРВАТСКИОТ КЛУБ

Дарко Велковски дебитираше за Риека

Нашиот репрезентативец го првиот официјален натпревар за екипата на Риека и тоа во рамките од Купот на Хрватска.

објавено: 27 септември 2018 - 10:48

Во куп натпреварувањето Риека ја оправда фаворитскаа улога славејќи против Радник Крижевци со резултат 9:0 како гостин.

Дарко Велковски кој досега се опоравуваше од повредата на мускулот го имаше дебито за Риека. Настапи од 55. минута како замена за Распоповиќ, а Леонард Жута го одигра целиот меч.

Во следната фаза екипата во осминафиналето ќе ги одмери силите против тимот на Вараждин.

Да додадеме уште дека победи во хрватскиот Куп славеа уште тројца наши интернационалци, Динамо Загреб на Аријан Адеми против Слога Мравинце (0:1), Хајдук Сплит на Мирко Ивановски против Врапче (0:2) и Истра на Агрон Руфати против Слога (2:4)

Најново во Фудбал