Тандемот браќа останува во земјата на изгрејсонцето

Давид Бабунски го продолжи договорот со Јокохама Маринос

Браќата Бабунски, Давид и Доријан ќе продолжат да играат во Јапонија, повозрасниот Давид во Јокохама Маринос, а помладиот Доријан во Мачида Зелвија

објавено: 12 јануари 2018 - 11:50

Браќата Бабунски, Давид и Доријан ќе продолжат да играат во Јапонија, повозрасниот Давид во Јокохама Маринос, а помладиот Доријан во Мачида Зелвија.

Давид го продолжи договорот со финалистот во националниот куп на Јапонија за уште една година, а неговиот брат се враќа во Мачида Зелвија, екипа која игра во Втората јапонска лига.

Во Јокохама Маринос Давид Бабунски пристигна пред една година, односно лани во јануари, а сега го продолжи договорот за уште една година.

Најново во Фудбал