МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛЕР ЌЕ БАРА НОВ ПРЕДИЗВИК

Давид Бабунски го напушти тимот на Јокохама Ф-Маринос

Официјално нов одбранбен играч на Јокохама Ф-Маринос е Тиаго Мартинс на позајмица од Палмеираш.

објавено: 15 август 2018 - 22:35

Бројот на странци на тимот стигна шест (пет е лимитот), не се наоѓа во плановите на тренерот, бил ослободен од обврските македонскиот интернационалец кој не бил присутен на последниот тренинг на клубот.

Иако имаше договор до 31.12.2018, истиот е официјално раскинат, информираше клубот на Јокохама Ф-Маринос.

Истото го потврди и нашиот играч кој му се заблагодари на клубот да игра во една ваква прекрасна земја каква што е Јапонија.

„Животот во Јокохама Ф-Маринос е завршен. Им се заблагодарувам на тренерите, соиграчите, благодарност до сите фанови кои продолжија да ни ја даваат поддршката, уживав во моментите играјќи за овој клуб и му посакувам се најдобро во иднина", вели Бабунски.

Останува да се види дали Бабунски ќе остане во една од двете најдобри јапонски лиги или ќе бара друг предизвик.

Во изминатите две години за јапонскиот прволигаш Јокохама Ф-Маринос имаше вкупно 25. натпревари и три голови. Неговиот брат Доријан засега останува во јапонскиот второлигаш Мачида Зелвиа.

Претходно 24-годишниот играч за врска во нападот пред да се пресели во Јапонија, беше дел од Б тимот на Барселона и Црвена Звезда.

Настапи со младата У21 репрезентација на Европското Првенство во Полска, има вкупно девет настапи за нашата сениорска селекција.

Најново во Фудбал