ГЕРМАНЦИТЕ ИМПРЕСИОНИРАНИ ОД МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА НАДЕЖ

Деби на Чурлинов за сениорите на Келн (ФОТО+ВИДЕО)

Претходно објавивме дека нашата фудбалска надеж доби големо признание вклучувајќи се во првиот тим на тренинг кампот во Мајорка.

објавено: 9 јануари 2019 - 12:42

18-годишниот Дарко Чурлинов уште на самите тренинзи покажува зошто сезонава е во одлична форма, и тоа голгетерска, а секако може да придонесе и со асистенции. Како подготовка за вториот дел од сезоната, Келн игра пријателски натпревари, со резултат 3:1 славеше против Гронинген, иако Холанѓаните водеа после првото полувреме.

Во вторите 45 минути Чурлинов (бр. дрес 33) дебитираше за сениорите, што секако е уште една добра вест за уште поголем развој на нашиот играч.

Како што пренесува германскиот клуб, Чурлинов е фантастичен од моментот кога дојде и сега на споменатиот меч бол вистинска закана за одбранбените играчи на Гронинген, во прав момент ги пронаоѓаше своите соиграчи во топ шанси за реализација, како пример до Дракслер, итн.

Келн посакува и понатаму вакви слични перформанси од страна на нашиот репрезентативец. Најавена е нова контролка на 16. јануари против Мајорка.

ВИДЕОТО СО ГОЛОВИТЕ, ШАНСИТЕ, НАЈИНТЕРЕСНИТЕ МОМЕНТИ, А СЕКАКО И НАСТАПОТ НА ЧУРЛИНОВ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Најново во Фудбал