ПОВРЕДАТА СЕПАК НЕ Е НАИВНА

Дефинитивно: Палермо без Несторовски во финишот од сезоната

Илија Несторовски ќе биде надвор од терените 30-40 дена, покажаа медицинските прегледи.

објавено: 21 април 2018 - 11:30

Илија Несторовски ќе биде надвор од терените 30-40 дена, покажаа медицинските прегледи. Македонскиот репрезентативец по половина час игра против Цитадела поради повреда на задната лоша на десната нога мораше да го напушти мечот. 

Ова е голем удар за Палермо, откако ја загуби втората позиција на табелата во Серија Б, која носи директно место во најдобрата италијанска лига. Пред тимот на Несторовски и Трајковски е Фросинене кој има 62 бода односно два бода повеќе од Палермо, лидер е Емполи.

Несторовски кој веднаш почна терапија за санирање на повредата, најверојтно ќе ги пропушти дуелите со Авелино, Венеција, Бари и најверојатно Тернана.

Најново во Фудбал