ОДЛИЧЕН НАСТАП НА МАКЕДОНСКИОТ ГОЛМАН ВО ДРЕСОТ НА ТОПЧИИТЕ

Дени Илиев бранеше за Арсенал и не прими гол

Струмичанецот ја чуваше мрежата на дуелот Арсенал 23 против Сандерленд 23, на кој лондончани победија со 2:0

објавено: 16 октомври 2017 - 23:24

Македонскиот голман во дресот на Арсенал, Дени Илиев имаше одличен настап во дресот на Арсенал 23. Илиев го чуваше голот на „топчиите“ на дуелот против Сандерленд, на кој лондончани славеа со 2:0. 

За Илиев ова беше прв официјален настап по пауза од две и пол години, а струмичанецот покажа дека е во одлична форма. По седум меча во првенството за играчи до 23 години, Арсенал е на третото место на табелата и има пет победи и два порази во седум меча досега. 

Најново во Фудбал