ГОЛМАНОТ НА АРСЕНАЛ СО ПОДАРОК ЗА СВОЈОТ ПОРАНЕШЕН ТИМ

Дени Илиев не ја заборава Беласица (Фото)

На адреса на клубот од Струмица пристигнаа два пара голмански ракавици, директно од Англија, каде во младинскиот тим на Арсенал е нашииот Илиев

објавено: 23 февруари 2017 - 18:00

Добро е кога нема да заборавиш од каде си почнал. Тоа уште еднаш го покажа голманот на англискиот премиерлигаш Арсенал, Дени Илиев. Младиот 21-годишен чувар на мрежата, веќе четири години е во редовите на младинските категории на „топчиите“.

Иако е дел од еден од најпознатите клубови не само во Англија, туку во цела Европа, Илиев не заборава од каде почнал. Тој испрати два пара голмански ракавици, за голманите на екипата на Беласица. Тоа е тимот каде илиев ги започна голманските чекори. 

 

Најново во Фудбал