МАКЕДОНЕЦОТ ЌЕ БАРА НОВ КЛУБ

Денис Махмудов повторно е слободен - раскина со Левски

Македонскиот фудбалер Денис Махмудов ќе може слободно да бара нов клуб затоа што раскина со бугарскиот прволигаш Левски.

објавено: 15 јануари 2016 - 13:54

Напаѓачот кој во Бугарија пристигна во 2015 година за Левски одигра десет меча, но не успеа да ги импресионира челниците. Тој си замина од клубот заедно со уште двајца странци - Умар Диаби и Линел Китамбала, кои исто така спогодбено го раскинале договорот кој им истекуваше во јуни, 2017 година.

Махмудов, кој има 26 години е роден во Велес, а кариерата ја започна во Борец. Потоа, следеше преселба во Холандија, поточно во Витесе, а во кариерата тој настапуваше и за Апелдорн, Екцелзиор, Цволе и Спарта Ротердам.

Најново во Фудбал