Македонскиот репрезентативец е гол-машина

Деветка за Алиоски, Лугано реди порази

Езџан Алиоски повторно е прв стрелец во Швајцарија, попладнево го постигна деветтиот погодок за Лугано, но неговиот тим бележи неуспеси во серија и нема победа на 7 меча по ред

објавено: 6 ноември 2016 - 15:38

Езџан Алиоски повторно е прв стрелец во Швајцарија, попладнево го постигна деветтиот погодок за Лугано, но неговиот тим бележи неуспеси во серија и нема победа на 7 меча по ред. 

Лугано и денеска загуби од Сент Гален со 2:3, иако со голот на Алиоски поведе во 8. минута. Македонскиот репрезентативец сега има 9 гола и 3 асистенции на 13 меча што е извонреден ефект.

Екипата на Лугано е во сосема спротивен тренд и го загуби третиот меч по ред во Првата швајцарска лига, а на последните 7, во сите натпреварувања нема победа. Лугано со 16 бода е на шестата позиција во конкуренција на 10 клуба.

Најново во Фудбал