РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ГОЛМАН ИМА ПРИЧИНА ЗА СЛАВЈЕ

Димитриевски го сопре најдобриот, Гимнастик обезбеди опстанок

Со победата над Рајо Ваљекано кој сезоната ја заврши како првопласиран во Сегунда, Гимнастик благодарение и на македонскиот голман опстана во првенството

објавено: 2 јуни 2018 - 21:56

Столе Димитриевски успеа да обезбеди опстанок во Сегунда во Шпанија со неговиот тим Гимнастик Тарагона. Тој денеска со триумф на домашен терен против најдобрата екипа на Рајо Ваљекано, и дефинитивно му донесе останување во Лигата на својот тим. 

Димитриевски во текот на целата година имаше успешни настапи, а еден период долго време неговата мрежа остана незатресена. 

Македонскиот репрезентативен голман можеби идната година ќе брани во друг клуб, односно член на Примера, со оглед дека неколку клуба пројавија интерес за неговите услуги. Неговиот договор е до 2020 година со Гимнастик. 

Најново во Фудбал