ПРВА ГОЛЕМА „НАГРАДА“ ЗА МАКЕДОНЕЦОТ ВО ЕЛИТАТА

Димитриевски МВП на колото во шпанската „Ла Лига“! (ВИДЕО)

Претходно објавивме дека се наоѓа во тимот на колото со големи ѕвезди како Меси, Гризман, итн., а потоа и дека го нудат на гигантите Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид, иако се разбира сето тоа останува како шпекулација...

објавено: 11 јануари 2019 - 14:00

Но, за шест месеци, нашиот репрезентативен чувар на мрежата веќе го привлекува вниманието со своите одбрани во најквалитетната шпанска фудбалска лига, една од најпопуларните во Европа и светот.

Столе Димитриевски беше најзаслужниот за најновите три големи бода на Рајо Ваљекано на гостувањето кај Ваљадолид (0:1), при водство во самиот финиш од средбата успеа да одбрани пенал, а претходно имаше и неколку клучни интервенции во текот на мечот.

Македонскиот голман е прогласен за најкорисен играч на колото, тоа е објавено на официјалната фејсбук страница на „Ла Лига" (LaLiga) кој вели дека заслужено, без сомнение, Димитриевски е МВП.

Значи, шест вкуоно одбрани на последниот меч, прва сезона во „Ла Лига" за 25-годишниот Македонец и во просек 4.3 одбрани по меч.

Исто така, Димитриевски се наоѓа и во изборот на Топ 5 одбрани и воедно ја започнува оваа листа во која се наоѓаат уште Томаш Вацлик (Севиља), Јусин Буну (Жирона), Давид Сориа (Хетафе) и Серхио Асељо (Виљареал).

Да додадеме уште Рајо е во серија од две победи по ред, значајни во борбата за опстанок, а денеска во 19. коло од 21:00 часот на домашен терен ќе игра против Селта Виго, што е нова шанса за освојување бодови.

Најново во Фудбал